Беретини и Чилиќ се повлекоа од Вимблдон, позитивни се на ковид-19

11

Италијанскиот тенисер Матео Беретини пред да почне го заврши настапот на Вимблдон откако доби позитивен тест на ковид-19, претходно истото му се случи и на Марин Чилиќ.

Беретини кој минатата година стигна и до финалето, овојпат беше спречен да настапи поради ковид–19.

„Со скршено срце соопштувам дека се повлекувам од Вимблдон. Имам симптоми на грип во последните неколку дена и бев во изолација. Можев да играм, но решив да направам тест пред натпреварот за да не ги загрозам другите. Не можам да опишам колку сум разочаран. Сонот за оваа година заврши, но ќе се вратам уште посилен“, напиша Беретини на социјалните мрежи.

Беретини беше во одлична форма на трева оваа сезона, имаше 9-0, но за жал не успеа да настапи.

Синоќа поради иста причина од Вимблдон се повлече и најдобриот хрватски тенисер, Марин Чилиќ.