„Беше еднаш во Холивуд“ ги освои симпатиите на критичарите

10

Once Upon a Time in Hollywood, најновиот филмски хит на Квентин Тарантино, го поддржа статусот на еден од најсериозните кандидати за Оскар со тоа што се претстави во најдобра можна слика на синоќешната церемонија на доделување награди по избор на критичарите.

Во Холивуд синоќа беа доделени награди од страна на критичарите од САД и Канада, а „Беше еднаш во Холивуд“ ја доби наградата најдобар филм.

Критичарите оценија дека филмот има и најдоброто оригинално сценарио.

Високите награди во Санта Моника се сметаат за барометар за сите важни Оскари, за кои номинациите треба да излезат во понеделник.

„Првпат се согласувам со критичарите “, се пошегува Тарантино откако на Бред Пит му беше врачена наградата за најдобар спореден актер, пред да се врати на сцената за главната награда на вечерта.

Со веќе обезбедената награда за најдобра комедија на „Златен глобус“, филмот е добро позициониран за Оскарите следниот месец.

Британскиот режисер Сем Мендес и јужнокорејскиот автор Бон Џун-Хо споделија почести, откако наградата во категоријата најдобри режисери заврши неодлучено.

Тарантино во своето најново филмско остварување собра плејада добри актери – оскаровецот Ал Пачино, Брус Дерн, Тим Рот, Курт Расел, Дакота Фленинг, Леонардо ди Каприо, Бред Пит, Маргот Роби, Ова наедно е и последната филмска улога на неодамна починатиот Лук Пери.

Наградата за најдобра машка главна улога отиде кај Хоакин Феникс за филмот „Џокер“. Онаа за најдобра глумица – кај Рене Зелвегер за „Џуди“. Наградата за режисер на годината ја поделија Бонг Џун Хо за филмот „Паразит“ и Сем Мендез за „1917“. Најдобри споредни улоги – Бред Пит „Беше еднаш во Холивуд“ и Лора Дерн за „Брачна приказна“. Робин Грифин Дејвис, „Џоџо Рабит“, е прогласен за најдобар млад актер.