Бејл се отвори за својата иднина и призна дека од Реал Мадрид му направиле проблем

10

Герет Бејл со своето однесување во последниот период го навлече гневот на управата, тренерот и навивачите на Реал Мадрид.

Велшанецот делува тотално незаинтересиран за дресот на „кралскиот клуб“, па затоа во измиантиов период повеќе беше на трибините и на клупата за резервни фудбалери отколку што беше на теренот.

Сега, Бејл откри дека имал причина за таквиот ладен однос кон клубот. Според брзоногиот фудбалер, тој лани имал договорено трансфер, но од Реал Мадрид до последен момент одбивале да го продадат играчот.

– Сакав да си одам минатото лето и се беше подготвено, но тие блокираа се до последен момент. Тоа беше проект за кој бев возбуден, но за жал не се оствари.

– Сакам да играм фудбал, имам мотив, па за целата оваа ситуација мислам дека се виновни во клубот, тие контролираат се. Имам договор и се што можам е да продолжам да работам и да се надевам дека нешто ќе испадне.

– Ако има сериозна опција од Премиер лигата, секако дека ќе ја разгледам, но повторно ќе кажам дека се зависи од Реал Мадрид, -изјави Бејл.