Беќаровски предупредува: Од антибиотици се науршува цревната флора

10

Неконтролираната употреба на антибиотици е сериозен проблем со кој се соочува здравството.

Многу пациенти дури и земаат на своја рака, без консултација со лекар.

Д-р Нико Беќаровски предупредува дека на овој начин се нарушува здравјето на дигестивниот систем. Тој алудира на тоа дека во раните фази на ковид-третманите, антибиотиците беа користени за спречување секундарни инфекции кај пациентите со потврден коронавирус.