Бибер: Не се дрогирам, болен сум

6

Канадскиот поп печај, Џастин Бибер откри дека му е дијагностицирана лајмска болест, како и дека изминатите неколку години за него биле многу тешки.
Не требаше многу време да помине, откако беше снимен на улица во прилично лоша состојба, па да почнат шпекулациите дека канадската мегаѕвезда има проблеми со дрога.

Но, 25-годишниот пејач објави на Инстаграм дека за неговата лоша состојба не е одговорна дрогата, туку болеста.

„Неколку тешки години е со мене“ нагласи Бибер, откривајќи дека докторите му дијагностицирале лајмска болест, но и дека со години пати од хронична вирусна инфекција.

Лајмската болест ја шират крлежите, а во почетокот болеста предизвикува осип, треска, главоболки и малаксаност. Може да доведе и до парализа на фацијалниот нерв, силни болки во зглобовите, тешки главоболки и срцева палпитација.

Дури и кога ќе се излечи, со месеци подоцна симптомите можат повторни да се појават.

„Луѓето мислат дека сум на мета (мета-амфетамин), но не сфаќаат дека неодамна ми е дијагностицирана лајмска болест, а дека во претходниот период имав тежок случај
на мононуклеоза, која влијаеше на мозокот и на мојата целосна здравствена состојба“ наведе пејачот.

Тој додаде дека зема терапија и дека се ќе открие во претстојниот документарец за својот живот, кој ќе се емитува на Јутјуб.

„Ќе видите против што се борам и победувам. Ќе се вратам подобар од кога било“ истакна Бибер.