Бизарен потег: Роналдо чекаше во автомобилот додека не го повикаа во салата да ја подигне наградатa

12

Во Милано синоќа се одржа церемонијата за доделување на наградите за најдобрите играчи во Серија А за изминатата сезона.

Малку беше чудно зошто оваа церемонија се одржа истовремено кога беше и доделувањето на Златната топка, но тоа послужи како идеален изговор за Кристијано Роналдо да не допатува во Париз.

Роналдо беше во Милано каде доби награда за најдобар играч во минатата сезона во Серија А. Меѓутоа, неговото однесување за време на церемонијата ги шокираше многумина.

Италијанските новинари во шок синоќа почнаа да објавуваат на социјалните мрежи дека Роналдо не се појавил на церемонијата се додека не бил на ред да ја подигне наградата.

Роналдо целото време чекал во својот автомобил, а кога му соопштија дека тој ќе ја добие наградата излезе и тргна кон салата. Поргуталецот дојде со голем број на обезбедување, дојде до бината, ја зема наградата и се врати во Торино.

„Неверојатно. Кристијано Роналдо чекаше во автомобилот се до моментот кога требаше да биде избран за најдобар играч во Серијата А. Кога дојде време, тој излезе и влезе во салата со голем број на обезбедување кое не им дозволи на камерманите да го снимаат додека влегува во салата“, напиша разочараниот новинар на Твитер – Тенкреди Палмери.

Многумина веруваат дека Роналдо на тој начин сакаше да ги избегне прашањата од новинарите околу Златната топка и тоа му успеа бидејќи после церемонијата воопшто не се појави пред камерите.