Бизнисмен ќе сведочи против висок владин претставник за убиството на новинарката во Малта

6

Реномираниот малтешки бизнисмен Јорген Фенех понуди да сведочи против висок владин претставник во случајот со убиството на новинарката Дафне Каруана Галиција и рече дека премиерот на земјата е во судир на интереси во случајот.

Адвокатот на бизнисменот Јорген Фенех до судот достави писмо кое го испратиле до претседателот Џорџ Вели во кое го моли да го помилува, а за возврат ветува дека ќе на судот ќе му обезбеди информации поврзани со поранешниот владин шеф на персонал Кит Шембри, поранешниот министер за туризам Конрад Мици и министерот за економија Крис Кардон и други луѓе блиски на премиерот.

Адвокатите на Фенех, кој беше уапсен минатата недела во врска со убиството, рекоа дека премиерот Џозеф Мускат не треба да биде вклучен во одлуката за помилување, бидејќи тој бил меѓу оние кои „можеби имале интерес да не се одобри помилувањето”.

Адвокатите исто така додадоа дека судијата треба да одлучи за помилување без мешање на кабинетот на Мускат.

Каруана Галиција беше убиена кога се активира бомба во нејзиниот автомобил недалеку од нејзиниот дом.

Фенех, еден од најбогатите жители на Малта, и рекол на полицијата дека Шембри е мозокот во организирањето на убиството.

Шембри беше ослободен од притвор во четвртокот вечерта и не даде изјава.