Билансот на жртви сè уште расте: 24 загинати и 650 повредени по силниот земјотрес во Албанија

9

Земјотресот со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала беше еден од серијата на потреси кој вчера ја погоди Албанија, а поради него беа урнати голем број на згради и објекти. Првите две регистрирани жртви се браќа од Косово, а меѓу загинатите има и млад човек кој неодамна излезе од затвор, како и еден полицаец на должност.

Албанските медиуми јавуваат дека бројот на загинати и повредени по силниот земјотрес продолжува да се зголемува. Според информациите, засега се регистрирани 24 загинати лица, додека медицинска помош побарале 650 граѓани.

Земјотресот со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала беше еден од серијата на потреси кој вчера ја погоди Албанија, а поради него беа урнати голем број на згради и објекти. Првите две регистрирани жртви се браќа од Косово, а меѓу загинатите има и млад човек кој неодамна излезе од затвор, како и еден полицаец на должност.

Локалните медиуми вчера информираа и за едно лице кое во паника за време на потресот скокнало од висока зграда.

Во меѓувреме, спасувачите успеаја да спасат 17-годишно момче, откако тоа со мобилен телефон од урнатините ги контрактирало спасувачите, а тие успешно го лоцирале во урнатините во Драч. Премиерот на Албанија Еди Рама повика на смиреност и додаде дека истуциите ќе направат сé да ги извлечат сите лица од урнатините. Тој посочи дека до моментот на изјавата се спасени околу 40 лица.