Бил Гејтс за теориите на заговор: Лудачки и злонамерни

38

Филантропот и соосновач на компанијата Мајкрософт Бил Гејтс изјави дека е изненаден од „лудачките и злонамерни“ теории на заговор за него на социјалните мрежи.

Тие теории на заговор секако се однесуваат на пандемијата со коронавирусот.

Во интервју за агенцијата „Ројтерс“ кое е објавено денес, Гејтс вели дека смета дека зад таквите милионски објави на социјалните мрежи против него и американскиот инфектолог Елтони Фаучи по се судејќи се крие страв од заразата во комбинација со експанзијата на социјалните мрежи.

„Кој би можел да помисли дека д-р. Фаучи ќе биде мета на такви, навистина злонамерни теории. Многу сум изненаден и се надевам дека тоа ќе престане“, рекол Гејтс.

Меѓу бројните теории на заговор на сметка на Гејтс и д-р Фаучи најзастапена е онаа дека пандемијата е намерно предизвикана за да се воспостави контрола над граѓаните и да се извлече финансиски профит, а дека вакцината треба да послужи за на луѓето да им се стави микро чип за надзор и контрола на движење.

„Кој воопшти би можел да поверува во такво нешто“, се запрашува Гејтс.