Бил Гејтс има корона

24

Бил Гејтс, еден од најбогатите луѓе во светот, е позитивен на коронавирус.Не е јасно дали ова е првпат Гејтс, кој донирал милиони за борбата против пандемијата, да биде позитивен на ковид-19.

66-годишниот Гејтс на Твитер објави дека се изолирал со благи симптоми и дека примил и засилена доза од вакцината. Тој исто така рече дека виртуелно ќе учествува на состанокот со луѓето од својата фондација.

Во последниве месеци, Гејтс, ко-основачот на Мајкрософт и мултимилијардер, ги насочи своите значајни ресурси на пандемијата. Минатата недела, објави книга со наслов „Како да се спречи следната пандемија“, во која објаснува како земјите би можеле да преземат координирани напори за спречување на пандемии и „елиминирање на сите респираторни заболувања“.

Тој отворено зборуваше за тоа како глобалните здравствени власти треба да одговорат на пандемијата и да дистрибуираат вакцини. Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс соопшти дека донирала милиони на организации, вклучително и на Гави и на Светската здравствена организација, за финансирање на тестирања, третмани и дистрибуција на вакцини.

Во јануари, Гејтс на Твитер порача дека коронавирусот, „штом омикрон ќе помине низ земјата, ќе може да се третира повеќе како сезонски грип“.