Бил Гејтс: Крај на пандемијата во богатите држави до крајот на 2021, во другите до 2022

11

Никој не се осмелува да каже кога точно ќе заврши пандемијата на коронавирусот, а тоа е во моментов најбараната информација во светот.

Но Бил Гејтс, основачот на Мајкрософт и милијардер-филанроп, сепак даде своја проценка. Смета дека крајот на пандемијата луѓето ќе го дочекаат во различно време, во зависност од тоа дали живеат во земји во развој или во богати земји како Соединетите Американски Држави.

„Нацртот на иновациите за подобрување на дијагноститеката, новите терапии и вакцини е всушност многу импресивен“, кажа Гејтс за магазинот Вајрд.

„И поради тоа мислам дека пандемијата во голема мера, особено во богатите држави, би можела да заврши веќе во 2021 годна. Во светот генерално тој рок ќе биде завршен до крајот на 2022“, истакна Гејтс.

Гејтс, кој преку својата фондација финансира медицински истражувања за наоѓање вакцина за коронавирусот, не е премногу оптимистичен. Свесен е дека, дури и ако се оствари неговото предвидување, пандемијата ќе уназади голем број земји во светот, и по економски и по инфраструктурни прашања и нивото на развиеноста на здравството.

Во интервјуто Гејтс остро го критикува американскиот систем за тестирање на коронавирусот и искажа фрустрации за тоа како претседателот Доналд Трамп и неговата администрација се однесуваат кон целата ситуација. Ова не е првпат Гејтс да ја критикува работата на Трамповата администрација за време на пандемијата.

Милијардерот верува во развивањето вакцина, но истакнува дека некои вакцини ќе им помогнат исклучиво на богатите и развиените држави во светот.

„Оваа болест, според прелиминарните податоци на тестирањето на вакцината на животни и податоците од тестирањата во првата фаза, изглда многу излечлива со вакцина“, истака Гејтс.

Што се однесува до лекувањето на оние кои се веќе заразени, Гејтс зборува за антивирусните лекови како ремдесивир и кортикостероидот дексаметазон.

„Другите антивирусни лекови ќе ни дојдат за два до три месеци“, кажа тој и додаде:

„Антителата се исто така два до три месеци од нас. Веќе имаме некои фактори на подобрување во болниците, и тоа поради користењето на ремдесивир и дексаметазон. Останатите лекови ќе се додаваат на овие“, заклучи Гејтс.