Бил Гејтс објави книга: „Ќе објасни како стана тема на теориите на заговор“

3

Коосновачот на Мајкрософт и заговорник на вакцинацијата, Бил Гејтс напиша книга во која ги наведува „лекциите што можеме да ги научиме“ од пандемијата на ковид-19, тврдејќи дека со инвестирање во здравје, вакцини и „глобален надзор на патогени“, следната пандемија ќе може да се спречи.

Во видеото, кое е снимено како најава за книгата, тој вели дека верува оти пандемијата на коронавирус може да биде последната пандемија, без разлика колку тоа изгледало невозможно со оглед на моменталните околности.

Гејтс истакна дека книгата, меѓу другото, ги содржи неговите разговори со главниот американски инфектолог Ентони Фаучи и директорот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус.

Гејтс истакнува дека корона вирусот јасно ставил до знаење дека приоритет мора да биде отстранувањето на заканите кои би можеле да бидат предизвик за следна пандемија.

Наведува дека ја следи пандемијата од самиот почеток и дека од стручните лица со кои соработувал научил многу, а преку книгата сака да сподели што научил од експертите за да придонесе во спречување на појавата на нови пандемии.

Целта на софтверскиот магнат да го вакцинира светот, го направија мета на бројни теории на заговор. Во својот блог пост, Гејтс рече дека неговата претстојна книга ќе објасни „како тој стана предмет на теории на заговор“.