Бислимовски: Ќе одземаме лиценци на снабдувачи со струја кои незаконски раскинуваат договори

23

Марко Бислимовски претседател на Републичката комисија за енергетика, водни услуги и справување со отпад за Утрински брифинг потврди дека во последно време се појавува тренд на раскинување на договорите за снабдување со струја од страна на приватни снабдувачи.

-Приватни снабдувачи и трговци со струја почнаа да ги откажуваат договорите со потрошувачите затоа што се потпишани во времето кога мегават час се наплаќал по 50 до 60 евра. Сега, поради трендот на постакување на струјата на пазарот на големо до 100-120 евра по мегават час, тие велат дека ваквите договори предизвикуваат загуба кај нив. Но, без оглед кога се потпишани договорите, тие мора да се почитуваат, вели Бислимовски.

Тој додава дека секој договор може да се раскине еѓутоа снабдувачот има обврска под истите услови да продолжи да го снабдува со струја потрошувачот сѐ додека тој не си обезбеди друг снабдувач.

-Ние имаме 13 активни снабдувачи со струја, што е најмногу во регионот. Доколку неј од нив не ги почитува потпишаните договори со потрошувачите, ние како Комисија ќе покренеме прекршочна постапка, а доколку ни така не се реши проблемот, ќе преминеме на одземање на лиценците, рече Бислимовски за Утрински брифинг.