Битиќи: Ако е потребно ќе донесеме нови мерки за поддршка на угостителите и граѓаните

1

Доколку е потребно ќе донесеме нови мерки за поддршка на угостителите и граѓаните заради воведувањето на последните рестриктивни мерки за посета на угостителските објекти и затворените трговските центри, порача денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

-Како секогаш ги пратиме донесените рестриктивни мерки и доколку заеднички одлучиме дека финансиските импликации се толку големи што бараат одредена поддршка ќе седнеме и ќе разговараме. Секако мерките ќе бидат за тие кои се најмногу погодени, рече Битиќи во одговор на прашање дали Владата размислуваме за некоја нова мерка за поддршка на угостителите и граѓаните заради неодамна донесените рестриктивни мерки при денешниот увид во текот на изградбата на фекална канализација во Јурумлери.

Посочи дека воведените рестриктивни мерки се привремени.

-Да се надеваме дека здравствените бројки ќе укажат дека полека ќе можеме да се вратиме во нормалниот живот, а ако тоа не е возможно и досега сме докажале дека носиме мерки за стопанството кога е тоа потребно, потенцира Битиќи.