Битиќи: Максим Димитриевски самиот се исклучи од СДСМ, во вториот круг ќе победиме во Куманово

3

Потпретседателот на СДСМ и вицепремиер за економски прашања, Фатмир Битиќи, во гостување на телевизија Телма, зборувајќи за ситуацијата на локалните избори во Куманово, рече дека независниот кандидат и актуелен градоначалник, Максим Димитриевски, самиот се исклучил од Социјалдемократскиот сојуз кога одлучил да оди самостојно на изборите.

„Димитриевски самиот се исклучи од СДСМ во моментот кога наспроти партискиот статут, одлучи да оди на изборите како независен кандидат. Во вториот круг, ситуацијата во Куманово ќе биде многу појасна и СДСМ ќе победи“, рече Битиќи.