БИТКОИНОТ СО НОВ РЕКОРД: Пробиено нивото од 48 000 долари

35

Цената на биткоинот скокна над нивото од 48.000 долари по втор пат оваа недела, достигнувајќи нов историски максимум, а банката “Њујорк Мелоун“ објави дека ќе обезбеди услуги на чување на дигитални средства.

Највредната криптовалута во светот вчера постави нов рекорд од 48.297 долари во тргувањето во 8:30 часот по источно време, според податоците на порталот CoinDesk.

Претходно се тргуваше повеќе од 7,0 проценти, на околу 47.913 американски долари, пренесува CNBC.

Њујоршката банка Малоун, најстарата американска банка, објави дека ќе започне да финансира биткоин и други криптовалути.

Од таму додаваат дека со текот на времето, ќе овозможат тргување со крипто средства преку истата финансиска мрежа што моментално ја користи за повеќе традиционални хартии од вредност, како што се американски државни обврзници и акции.

На почетокот на оваа недела, нови рекорди паднаа на пазарот на крипто-валути. Пазарната капитализација беше зголемена на скоро 1,4 милијарди долари.

Биткоинот е во пораст скоро 70 проценти од почетокот на годинава, по скокот од 300 проценти минатата година, бидејќи инвеститорите бараат алтернатива на американската валута, бидејќи Федералните резерви на САД ги одржуваат каматните стапки на нула, пишува Seebiz.

Најпопуларната криптовалута се зголеми за 20 проценти во понеделникот, а нејзината вредност надмина рекордни 48.000 долари. Разликата помеѓу најниската и највисоката вредност на денот беше рекордни 8.871 долари. Веста дека Тесла купил дури 1,5 милијарди долари во биткоини поттикнал ентузијазам, додека најбогатиот човек во светот, Илон Маск, упорно ја надополнува вредноста на додворците со твитови.