Биткоинот урива нови рекорди

3

Пазарот на криптовалути и викендов беше полн со оптимизам. Биткоинот стигна многу близу до историскиот рекорд од 61.712 долари, додека етерот го достигна својот максимум од 2.190 долари, пишува порталот SEEbiz.

Водечката криптовалута најпрво се тргуваше над 60 000 долари за скоро еден месец, откако помина неколку недели во опсег од 52 000 до 58 000 УСД. Биткоинот се повлече малку откако достигна околу 60.900 американски долари, иако остана над психолошкото ниво од 60.000 долари.

Според CoinGeckou, биткоинот последен пат достигна најголема вредност во средината на март.

Во меѓувреме, етерот, втората по големина крипто валута според пазарната капитализација, се приближи до 2.200 американски долари, само неколку дена откако за прв пат ја проби границата од 2.100 долари.

Иако е нејасно дали постои причинско-последична врска помеѓу скокот на двете криптовалути, скокот се случува неколку дена пред водечката американска размена на криптовалути Coinbase да започне со трговија со своите акции на Nasdaq, еден од најочекуваните настани во крипто индустријата.

Во моментов биткоинот се тргува за околу 59.600 долари, додека етерот вреди 2.130 долари.