Битолска Апелација не ја прифати гаранцијата за браќата Усеини, случајот вратен во охридскиот суд

7

Осумдневниот притвор за охридскиот советник и неговиот брат за напад врз нивниот сограѓанин Спирко Топалоски истекува утре и може да биде продолжен само доколку Обвинителството поднесен обвинение
Топалоски во меѓувреме го смени исказот на кој се темелеше пријавата и сега тврди дека не бил нападнат од Усеини и дека не видел ниту оружје
Нефи Усеини, советникот во охридскиот Градски совет и неговиот брат остануваат во притвор, откако Апелацискиот суд во Битола ја прифати жалбата на Обвинителство кое се жалеше на одлуката на охридскиот суд да ја прифати гаранцијата од 30 илјади евра на осомничените за да излезат од притвор.

Од битолска Апелација соопштија дека е укнато првостепеното решение и е вратено на повторно одлучување во основниот суд, бидејќи сметаат дека Охридскиот суд не дал јасни причини да ја оправда одлуката со која е прифатена гаранцијата за нивно ослободување од притвор.