„Би-Би-Си“: За испорака на ковид вакцините ќе бидат потребни 8.000 авиони

6

Испораката на вакцини против коронавирус во светот ќе претставува најголемиот транспортен предизвик во историјата, сметаат претставници на авиоиндустријата, пренесува „Би-Би-Си“. За дистрибуција на вакцините во сите земји, според Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (ИАТА), ќе бидат потребни 8.000 авиони Боинг 747.

 

И покрај тоа што вакцината сè уште не е произведена, со исклучок на Русија, ИАТА уште сега прави планови за транспорт во координација со авиокомпаниите, со аеродромите и со националните здравствени организации.

 

Иако транспортот на стоки е нов фокус на авионската индустрија, сепак доставата на вакцини е многу посложена задача. Авионите првенствено ќе мора да ги исполнуваат стандардите како што е одржување на температура меѓу два и осум степени, додека за некои вакцини се потребни температури под нулата.