„Би-Би-Си“ открива зошто Ибрахимовиќ влезе во Хамарби

2

Вчера официјално беше објавено дека Златан Ибрахимовиќ откупил дел од акциите на шведски Хамарби, а тоа ги налути навивачите на Малме кои ја оштетија статуата пред нивниот стадион во негова чест.

Додека навивачите се лути на Ибрахимовиќ реномираниот „Би-Би-Си“ открива зошто Ибрахимовиќ се одлучил да инвестира во овој клуб.

Наводно, Златан и неговите финансиски советници процениле дека Хамарби е одлична прилика за инвестирање бидејќи е клуб кој расте.

„Златан од Хамарби го купува потенцијалнот на овој клуб, тој во клубот влегува во вистински момент“, се пишува во анализата.

Хамарби заврши на еден поен разлика од освојувачот на титулата и има можност да излезе на европска сцена. Капацитетот на стадионот на Хамарби е 30.000 гледаи и тој беше полн дури и кога тимот играше во втора лига. Она што му беше потребно е медиумската атрактивност, а таа дефинитивно клубот ја доби со влегувањето на Ибра во клубот.

Ибрахимовиќ за медиумите изјави дека Хамарби има потенцијал да стане најголемиот скандинавски клуб и според „Би-Би-Си“ тоа е реалност, а не претерување.