Би Би Си: Путин бара директна средба со Зеленски, на Ердоган му ги кажал и своите барања

124

По вчерашната средба на турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу со неговиоит украински колега Дмитро Кулеба, во украинскиот град Лвов, доцна попладнето рускиот претседател Путин му се јавил на турскиот колега Ердоган. Му ги кажал кои се прецизните барања на Русија за мировен договор со Украина, јавува Би Би Си.

Во рок од половина час по завршувањето на телефонскиот разговор, Би Би Си стапиле во контакт со советникот и портпаролот на Ердоган, Ибрахим, Калин кој го слушал разговорот на двајцата лидери.

Руските барања спаѓаат во две категории.

Првите четири барања, според Калин, не се премногу тешки за Украина да ги исполни.

Главото барање е прифаќањето на Украина да биде неутрална и дека не треба да аплицира за приклучување кон НАТО. Украинскиот претседател Володимир Зеленски веќе го прифати ова..Во овој дел Путин имал и други барања, кои главно биле да се заштити лицето на Русија пред светот.

Украина ќе мора да помине низ процес на разоружување за да осигура дека не е закана за Русија. Ќе мора да има заштита за рускиот јазик во Украина. И има нешто што се вика денацификација. Ова е длабоко навредливо за Зеленски, кој и самиот е Евреин и некои од чии роднини загинаа во Холокаустот, но турската страна верува дека тоа ќе биде доволно лесно за Зеленски да го прифати. Можеби ќе биде доволно Украина да ги осуди сите форми на неонацизам и да вети дека ќе ги запре, пишува Би Би Си, повикувајќи се на разговорот со советникот на Ердоган.

Путин побарал и директни преговори со Зеленски, на што самиот Зеленски инсистира. Не е прецизирано за што точно би зборувале двајцата, но се претпоставува дека тука веројатно ќе се вклучи статусот на Донбас кои веќе се одвоија од Украина и се прогласија за независни републики, чиј статус Русија го призна, поради што започна и воениот конфликт.

Сепак, мировниот договор може да потрае долго време за да се реши, дури и ако во меѓувреме прекине крвопролевањето, пишува Би БИ Си.

На прашањето дали Калин забележал дека Путин е болен, или како што имаше сугестее дека е можеби дури и психички неурамнотежен, Калин одговорил дека ништо такво не забележал за време на телефонскиот разговор.

Путин очигледно беше јасен и концизен во сè што кажа, одговирл Калин за Би Би Си.