Блерим Река предложен за министер за надворешни работи на Косово

10

Река е предложен од косовскиот мандатар Албин Курти.

Лидерот на Движењето Самоопределување Албин Курти изјави дека денеска ќе се сретне со претседателот на Косово, Хашим Тачи, за да го добие мандатот за формирање на влада, но дека на средбата ќе оди без договор со Демократскиот сојуз на Косово (LDK).

Курти изјави дека се обидел да оствари средба со лидерот на ЛДК, Иса Мустафа, после конституирањето на Собранието, но дека сето тоа било неуспешно.

– И покрај моите постојани обиди, не се оствари средба со претседателот на Демокраскиот сојуз на Косово, пред денешната средба со Претседателот на државата – рече Курти.

Тој го претстави својот тим на министри кои ќе бидат предложени во новата влада, додека во него е и името на професорот Блерим Река, кој беше кандидат на албанската опозиција на последните претседателски избори во Македонија.

– Од Движењето Самоопределување, јас како премиер сум предложил: за втор заменик претседател на владата да биде Хаки Абази, за министер за правда, Албулена Хаџиу, за минитер за надворешните работи и дијаспора, Блерим Река, за министер за финансии, Бесник Мусли, за министер за економија, трговија и индустрија, Розета Хајдари и министер за здравство и спорт, Арбен Витиа. Да започнеме со работа одма за доброто на граѓаните, според програмата за која се договоривме – додаде Курти.