Блумберг со спротивен став од Трамп: Имаме потреба од имигранти

5

Последно номинираниот кандидат во американската Демократска партија за претседателските избори следната година, Мајкл Блумберг, вчера изјави дека САД имаат потреба од „страшно многу повеќе имигранти, а не од помалку”, пренесоа американските медиуми.

На вториот ден од својата предизборна кампања поранешниот градоначалник на Њујорк изрази спротивни погледи со оние на претседателот Доналд Трамп, пренесе БТА.
-Имаме потреба од имигранти, кои ќе заземаат различни видови работни места од кои земјата има потреба, ќе ја подобрат културата, кујната, нашата религија и со сигурност ќе ја подобрат нашата економија- изјави милијардерот пред новинарите во еден мексикански ресторан во Финикс, во сојузната држава Аризона.

Блумберг повторно се извини дека како градоначалник на Њујорк ја поддржал праксата на полицијата да запира и претресува сомнителни лица.

-Колку пати сте слушнале луѓе на избрана функција да кажат „направив грешка”- запраша Блумберг. „Жалам што така се случи, не можам наново да ја пишувам историјата. Да продолжиме напред, рече тој.

Настанот беше организиран во кварт во Финикс, населен главно со латиноамриканци – демографската група која помогна во изборната победа на неколку демократи, откако децении наназад Аризона беше под доминација на републиканците.