Богдановиќ се кадидира за уште еден мандат

16

Градоначалникот на општина Центар, како што соопшти на социјалните мрежи, денеска ја прифатил кандидатурата од месните одбори на СДСМ.

Актуелниот градоначалник на општина Центар Саша Богдановиќ преку својот фејсбук профил соопшти дека ја прифатил кадидатурата за нов мандат предложена од месните одбори на СДСМ во Центар.

„Денеска во просториите на Општинска организација СДСМ Центар, ја потпишав изјавата за прифаќање на кандидатурата добиена од месните одбори. Покрај пополнетата изјава и личната биографија, ја доставив и програмата со која сакам да ја побарам поддршката од мојата партија за кандидат за градоначалник на Општина Центар на претстојните локални избори“, напиша Богдановиќ.

Тој додаде и дека во изминатите години е постигнато многу за центарци и дека верува дека со нов мандат ќе се постигне уште повеќе.