Божикен ручек за околу 500 деца

3

 

По 17 пат на Божик, в сабота во Прилеп ќе се одржи заедничкиот Божикен ручек децата од цела држава.

Околу 500 деца од сите краишта на земјава ќе седнат заедно на Божикниот ручек и ќе ги упатат своите пораки за мир, благосостојба и радост на децата и безгрижно детство. Манифестацијата ја организира невладиното здружение Детската амбасада за сите деца во светот.

– Целта и значењето на овој настан се мотив за нашата посветеност кон единството на децата, сплотени под едно небо, без никакви разлики по верска, етничка, јазична, или било која друга определба на децата, вели Петар Стојаноски од Здружението.

Ручекот кој е на Божик напладне во прилепскиот хотел „Кристал Палас“ ќе го благослови митрополитот Петар кој е и покровител, а како домаќин своите желби за безгрижен живот на децата ќе им ги упати прилепскиот градоначалник Борче Јовчески.