Божик – 7 јануари неработен ден за сите граѓани

14

Првиот ден на Божик – 7 јануари (петок), според православниот календар, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.

Како што соопшти Министерството за труд и социјална политика, неработниот ден е прогласен согласно Законот за празниците.

Од Министерството за труд и социјална политика им го честитаат Божик на граѓаните од православната вероисповед.