Божиќ неработен за православните – следната година само четири продолжени викенди

21

Министерството за труд и социјална политика денеска соопшти дека 6 јануари, ден пред Божиќ, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед.

Неработниот ден е прогласен согласно Законот за празници.

Следната година ќе имаме четири продолжени викенди. Целосниот список во продолжение.

За сите граѓани на РМ

• 01 јануари (петок), Нова Година,

• 07 јануари (четврток), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар,

• 01 мај (сабота), Ден на трудот,

• 03 мај (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар,

• 13 мај (четврток), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам,

• 24 мај (понеделник) „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители,

• 02 август (понеделник), Ден на Републиката, • 8 септември (среда), Ден на независноста,

• 11 октомври (понеделник), Ден на народното востание,

• 23 октомври (сабота), Ден на Македонската Револуционерна Борба,

• 8 декември (среда), “Св. Климент Охридски”,

За граѓаните од православна вероисповед

• 06 јануари (среда), Бадник, ден пред Божик,

• 19 јануари (вторник), Богојавление (Водици),

• 30 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден,

• 18 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден,

• 28 август (сабота), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед

• 05 Април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден,

• 01 ноември (понеделник), Празникот на сите светци,

• 25 декември (сабота), првиот ден на Божик.

За граѓаните од муслиманска вероисповед

• 20 Јули (вторник), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам,

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ

• 22 ноември (понеделник), Ден на Албанската азбука,

За граѓаните припадници на српската заедница во РМ

• 27 јануари (среда), Свети Сава, За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ

• 08 април (четврток), Меѓународен ден на Ромите,

За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ

• 23 мај (недела), Национален ден на Власите,

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ

• 16 септември (четврток), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур,

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ

• 28 септември (вторник), Меѓународен ден на Бошњаците,

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ

• 21 декември (вторник), Ден на настава на турски јазик