Боки 13 денеска повторно во обвинителството ќе дава исказ

20

Осудениот во предметот „Рекет“ Бојан Јовановски попознат како Боки 13 денеска повторно ќе биде спроведен во Основното јавно обвинителство каде ќе дава исказ во врска со кривичните пријави кои тој ги поднесе против актуелни функционери на власта.

Јовановски минатата недела беше во Обвинителството и заедно со неговиот адвокат поднесоа десетина кривични пријави за кривични дела кои опфаќаат давање лажен исказ, злоупотреба на службена положба, тортура, незаконито влијание.