Боки 13 и обвинетите од „Меѓународен Сојуз“: Не се чувствуваме виновни

14

Денес почна судењето за случајот со „Меѓународен Сојуз“ во кој обвинети се Бојан Јовановски, Фросина Ременски, Јасна Мандиќ-Ерцеговиќ и Кристина Блажевска.

Обвинителката Русковска во воведниот збор денес порача дека Основното јавно обвинителство ќе докаже дека обвинетите ги сториле делата и порача дека „формирањето на хуманитарна организација и лажењето дека зад неа стои европска хуманитарна организација е дело на девијантен ум“.

Според обвинителката, организацијата „Меѓународен Сојуз“ била злоупотребена за измама на бизнисмените Адријан Амзоски и Сиљан Муцевски кои уплатиле 234, односно 720 илјади евра кои наместо да завршат во проектите за домови за стари лица, завршиле на сметка на „1ТВ“ и „БМЈ Медија Груп“.

„Баналностите во обвинението ги разбирам, но не се чувствувам виновен“, одговори Бојан Јовановски на прашањето дали е виновен за делата од обвинението.

Останатите обвинети исто така порачаа дека не се виновни, а Фросина Ременски изјави дека е огорчена од намерата за кривичното дело измама. Таткото на Боки 13, Миле Јовановски кој се товари дека ги уплаќал донираните средства на сметките на телевизијата и „БМЈ Медија Груп“, изјави дека е срамно што на 63 години го прават криминалец и воопшто не го прочитал обвинението.