Боки 13 посака здравје и среќа во новата година

21

„Среќна Нова година на сите, да сте живи и здрави“, вака Боки 13 ги поздрави медиумите при влез во судница на првото рочиште за „Рекет“ во 2020 година. Обвинетиот беше донесен од притвор од Истражниот затвор во Шутка со полициска придружба.

Боки 13 денес изгледа видно подобро за разлика од минатите рочишта. Во судницата влезе самостојно, без да го придржуваат затворските полицајци, како што беше претходно поради лошата здравствена состојба. Заедно со него во предметот е и Катица Јанева. За денес сведок во постапката е нејзината колешка Елизабета Јосифовска. Овие две поранешни специјални обвинителки некогаш во судница седеа една до друга и ги бранеа обвиненијата на СЈО. Денес едната седи десно во судницата како обвинета, а другата лево во судницата како сведок. Јосифовска која беше заменичка на Јанева денес на предлог на Вилма Русковска сведочи за „Рекет“.