Боки 13 пред судот рече дека ќе стои во судница „до последната капка крв“

15

Боки не чувствува вина, ќе стои во судница „до последната капка крв“. Бојан Јовановски рече дека не чувствува вина за случајот „Рекет“.

За разлика од претходно, кога во судницата зборуваше седејќи, сега тој стана и пред судот рече дека ако може обвинителката да стои додека зборува, ќе стоел и тој, „до последната капка крв“.

Бојан Јовановски пред судот се изјасни дека е невработен, студирал и немал имот на негово име.

На почетокот на судскиот процес запрашан за личните податоци, Јовановски рече дека не е вработен, нема имот и рече дека студирал. Тој неколку пати во судница повтори дека не му е добро.