Боки 13 се пожали дека му се суди во политички предмет

15

Бојан Јовановски побара изземање на судијката Софче Гаврилова која го води предметот “Рекет 2” во кој тој е првообвинет. Јовановски рече дека овој судија не може да биде непристрасен при носење на пресудата.

– Вие почитувана судијо носите одговорност за мојата состојба. Фалеа само 30 минути за да фатално заврши мојата состојба – рече Боки 13 во судница.

Нагласи дека судијката Софче Гаврилова имала дискриминаторски говор на минатото рочиште и го етикетирала.

– Штом се спомене дека ова е политички предмет, а вие сте политички инстринуирани вие ме прекинувате – рече Јовановски, по што од страна на судијката му беше одземен зборот.

Судијката нагласи дека барањето на Јовановски ќе биде доставено до пртседателот на судот и го опомена да се однесува коректно во судница.

Првоосомничен во случајот “Рекет 2” е Бојан Јовановски и се терети за делата перење пари и за измама. Фросина Ременски се товари за помагање на делото измама, додека Јасна Мандиќ и таткото на Боки, Миле Јовановски и асистенката Христина Блажевска се осомничени за помагање во делата перење пари и измама. Како правно лице осомничен е и Меѓународниот сојуз.