Боки 13 тврди дека Меѓународен сојуз функционирал како министерство за социјала

15

Продолжува судењето за случајот „Меѓународен сојуз“ во кој се обвинети Бојан Јовановски-Боки 13, Јасна Мандиќ, Фросина Ременски, Миле Јовановски и Христина Блажеска за кривичните дела „измама“ и „перење пари“.

На денешното рочиште воведните зборови ги продолжува одбраната.

Прв почна Боки 13, кој рече дека проектите за старечки домови, кои според обвинителството се фиктивни всушност се реални, со договори потпишани донесени на собрание на невладината меѓународен сојуз и проекти прераснати во платфирми.

Парите кои се уплаќани кај Љиљана Тодоровска и Јасна Мандиќ се за авторските права за идејното решение за што се е легално и имаат платено данок.

Поддршка имав и од Мила Царовска тогашната министерка за социјала, од Оливер Спасовски, а бевме на прием и кај екс премиерот Зоран Заев, рече Јовановски.

Ние всушност функцииниравме како министерство за социјала згрижувавме деца и сега некој мојата хуманост ќе ја доведува во прашање? Никогаш не сме злоупотребиле буџет на македонија, а парите кои подоцна се уплаќани на 1тв се легални, рече Јовановски.