Боки-13 уште е во болница, судењето за „Рекет 2“ е одложено од Горан Наумовски

134

Денешната главна расправа за судењето за случајот познат во јавноста како „Меѓународен сојуз“ се одложи бидејќи обвинетиот Бојан Јовановски попознат како Боки-13 уште е во болница. Јовановски е хоспитализиран на универзитетската клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ каде му е извршен оперативен зафат.

Главната расправа ќе продолжи на седми октомври во 10 часот. За случајот со невладината организација Меѓународниот сојуз, основана од Бојан Јовановски-Боки 13, преку која според обвинението биле измамени бизнисмен за наводни центри за возрасни лица, обвинети се и Фросина Ременски, Миле Јовановски, таткото на Боки 13 и Јасна Мандиќ.

Јовановски е обвинет за измама и перење пари. Ременски, како потпретседателка на невладината организација е обвинета за помагање во делото измама, Мандиќ за помагање во измамата и перењето пари, Миле Јовановски се терети за помагање во перењето пари и за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје.