„Болеро“ под маски на Охридско лето во чест на Олга Милосављева

8

По пауза од пет месеци Националната опера и балет со Гала оперски концерт и балетска премиера е дел од годинашното Охридско лето. Вечерашниот настап е предизвик за сите уметници кои поради пандемијата сега повторно се враќаат на сцена согласно препораките на надлежните институции.

Вонредни околности и нови предизвици за балетските уметници. „Болеро“ под маски, без допир и на дистанца, во кореографија на Саша Евтимова во чест на големата Олга Милосављева која со сиот свој животен и професионален ангажман го задолжи македонскиот балет. Самата Милосављева беше секогаш пример за пребродување на сите препреки кои ги имаме во животот низ љубовта и посветеноста, вели Евтимова.

Во рамките на Охридско лето по пауза од пет месеци и оперските уметници се враќаат на сцена со изведба на оперските дела на Моцарт, Пучини и Бизе. Секој на посебен пулт и на дистанца.

Во тешки времиња и вонредни околности токму уметноста на еден суптилен начин даваше свое видување на нештата. Моментот кога Ковид 19 настапи на светската сцена и уметноста се мобилизираше да го најде своето место во „новата нормалност“.