Болниците во Тетово и Гостивар се преполни, слично е и во Кичево и Струга

56

Болничките капацитети во Тетово и Гостивар и понатаму се преполни со ковид пациенти, информираше денеска министерот за здравство Венко Филипче, кој апелираше на масовна вакцинација.

-И понатаму остануваат капацитетите преполни во Тетово и Гостивар, а нешто слично е и во Кичево и Струга, па сме во постојана комуникација за пациенти кои треба да се донесат во Скопје, каде што има доволен број на болнички места во болницата Козле. Спремини се и други капацитети, но засега освен во оваа болница во ниту една друга нема да се прави ковид центар како што тоа беше со минатиот бран, истакна Филипче, од пред салата „Борис Трајковски“, каде што од денеска повторно се врши вакцинација.