Борел: Договорот од Охрид ќе биде интеглален дел од европскиот пат на Србија и Косово

4

 

Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Жозеп Борел денеска изјави дека постигнатиот договор во Охрид ќе биде составен дел од европскиот пат на Србија и Косово, јави дописникот на МИА од Белград.

-По долги разговори од 12 часа, успеавме да најдеме договор кој ќе биде составен дел на европскиот пат на Косово и Србија, изјави Борел при пристигнувањето на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ, што се одржува денеска во Брисел.

Тој додаде дека документот ќе биде дел од преговарачките поглавја на ЕУ со Србија, како и дека ќе биде дел од условите што треба да ги исполни Косово.

Во саботата во Охрид, каде што се одржа средба во рамки на дијалогот меѓу Белград и Приштина, Борел најави дека денеска ќе ги извести министрите за разговорите што се воделе во Охрид и дека истото ќе го направи во четврток и петок на самитот на шефови на држави и влади на Европската унија.