Борел: Замрзнатите руски пари да се искористат за обнова на Украина

9

Шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, предложи да се запленат замрзнатите руски девизни резерви и да се искористат за покривање на трошоците за обнова на Украина откако ќе заврши воениот конфликт. Тој смета дека претходното искуство во Авганистан служи како образец за таква мерка.

Во интервју за ФТ објавено во понеделникот, Борел рече дека во февруари, американскиот претседател Џо Бајден потпишал извршна наредба „за да помогне да се овозможи одредени средства со седиште во САД кои припаѓаат на авганистанската централна банка, да се користат во корист на авганистанскиот народ. Според мислењето на Борел, логично е да се користат руските средства за слични цели.

„Ние ги имаме парите во нашите џебови и некој треба да ми објасни зошто тоа е добро за авганистанските пари, а не е добро за руските пари“, рече тој.

Борел изјави дека едно од најважните прашања сега е: „Кој ќе плати за обновата на Украина? Бидејќи ќе биде потребна „неверојатна сума пари“, а имајќи предвид дека сумите собрани на неодамнешните конференции за ветување се само „капка вода во океанот“, меѓународната заедница треба да излезе со други начини за финансирање на обновата на земја разурната од конфликтот, а користењето на руските резерви може да биде еден начин, рече тој.

Неговите забелешки се надоврзуваат на претходните изјави на претседателот на Европскиот совет, Чарлс Мишел, како и на американската администрација. Говорејќи претходно овој месец за Интерфакс-Украина, Мишел рече дека е „лично убеден“ дека замрзнувањето на руските средства не е доволно и дека „исклучително е важно“ е Западот да може „да ги конфискува“ и да ги стави на располагање на Украина.

Кон крајот на април, Белата куќа претстави сет на „сеопфатни предлози“ кои вклучуваа „воспоставување рационализирана административна власт“ која ќе може да ги конфискува средствата на санкционираните „олигарси“ и да ги пренесе во Киев за да ги „санира штетите од руската агресија“.
Москва ги осуди плановите како „ништо освен едноставна експропријација на приватна сопственост што САД се обидуваат лажно да ја оправдаат“.

Од почетокот на воената операција во Украина кон крајот на февруари, половина од меѓународните резерви на Русија, околу 300 милијарди долари, се замрзнати како дел од санкциите наметнати од САД, ЕУ и сојузниците. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Москва не можела да го предвиди овој развој на настаните, а замрзнувањето, според него, во суштина претставува кражба. Шефот на централната банка, Елвира Набиулина, рече дека руските средства се замрзнати, но не се експроприрани. Таа, сепак, додаде дека Москва смета дека замрзнувањето на нејзините резерви е без преседан и дека ќе ги оспори овие одлуки.

Илјадници руски поединци се исто така санкционирани, нивниот имот и пари се запленети или замрзнати од владите ширум Европа.