Борел: Земјите од Западен Балкан мора да ги завршат своите домашни задачи

10

Европскиот министер за надворешни работи Жозеп Борел изјави дека Европската унија не се преправа дека го сака Западен Балкан во рамките на нејзините граници, но дека земјите од регионот „мораат да ги завршат своите домашни задачи и да спроведат реформи. Тој на онлајн конференција, организирана од Атлантскиот совет, како приоритети во реформите во земјите од Западен Балкан ги посочи независното судство и борбата против корупцијата.

ЕУ е убедена дека се можни нормални односи меѓу Косово и Србија

Тој посочи дека европската перспектива останува мотор за реформи во земјите од регионот и дека „не е фер да се каже дека ЕУ само зборува, а не дејствува“ кога станува збор за проширувањето кон Западен Балкан. Според него, интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ е процес „чекор по чекор“. „Ќе започнеме пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија. Ги продолживме преговорите меѓу Србија и Косово со специјалниот пратеник Мирослав Лајчак и мислам дека го ставивме тој дијалог на патот“, изјави Борел