Борисов го дочека Божиќ со внуците

28

Среќен Божиќ! Денес е еден од најголемите Христијански празници исполнети секогаш со надеж за подобри и посветли денови. Ова го напиша бугарскиот премиер Бојко Борисов на Фејсбук. При тоа објави заедничка фотографија со неговите внуци Иван и Бојко.

„Ова се моментите за семејството, средби со пријатели, споделување, детски насмевки. Оваа година е невообичаена. Сега ја цениме најмногу можноста да се видат најблиските и вашите пријатели здрави. Многу се работите што до неодамна ги зедовме здраво за готово, и денес гледаме колку се значајни. Да можеме да го споделиме празникот со вашите најблиски – ќе биде најголемиот подарок. После толку тешка година, сфаќаме кои се најважните работи.

Време е да бидеме сочувствителни и скромни, да бидеме добри, да бидеме похумани. Биди живи и здрави – ова е навистина најважната работа. Со Божја помош и со работа, ќе излеземе од оваа пандемија и ќе ја надминеме кризата“, напиша тој.