Борисов се надева дека Македонија ќе се движи по патот за влез во ЕУ

29

Бугарскиот премиер Бојко Борисов се надева дека Македонија ќе ги добие потребните гаранции од Бугарија и дека ќе се движи на патот за пристапување во Европската Унија, како што порача тој за време на средбата со министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Бугарскиот премиер нагласил дека уште со денешните средби треба да започнат разговорите на сите нивоа, со цел до 10 ноември да се постигне компромисно решение што ќе ги задоволи сите, кога Бугарија и Македонија ќе копретседаваат со Самитот на Берлинскиот процес.

Сегашните перспектива и момент, според Борисов, се исклучително важни и „би било грев пред историјата“ доколку политичките раководства во Бугарија и Македонија не успеат да најдат компромис.