Борисов ja сопре вакцинацијата со „АстраЗенека“

3

Премиерот на Бугарија Бојко Борисов, ја сопре имунизацијата со вакцината „АстраЗенека“ за да се обезбеди писмена согласност од Европската агенција за лекови за отфрлање на сите сомневања, односно дека е безопасна.

Тоа е одлученово денеска на работен состанок свикан од премиерот, на кое присуствувал и министерот за здравство и министерот за образование.

„Додека не дојде писмена од Европската агенција за лекови точно и јасно потврдена дијагноза дали може или не може да се дава вакцината, дотогаш нема да се дава“, рече Борисов.

Уште неколку земји ја сопреа имунизацијата со оваа вакцина, меѓу кои се Данска и Австрија, поради наводни компликации на лица кои ја примиле вакцината.