Борис Џонсон за личната борба со коронавирусот: Стравот дека нема да си го видам синот ми даде сила

Британскиот премиер Борис Џонсон изјавил дека стравот да не го види синот кој требало да се роди му давало сила да го победи коронавирусот.

9

Џонсон во интервју за британски „Сан“ рекол дека тоа му дало поттик за да се бори со негативните мисли и најтешките моменти на интензивна нега.

„Едноставно одбив да мислам на тоа“, рекол Џонсон и навел дека додека лежел поврзан на монитори, се фокусирал само на позитивни мисли.

Запрашан дали се плашел дека никогаш нема да го види синот, кој во меѓувреме се роди, Џонсон одговорил потврдно.

„Имам уште многу причини за да живеам, работи да ги одработам и нема да кријам од вас, размислував за тоа“ рекол британскиот премиер.

Три недели откако се избори со коронаворусот се вратил во болницата за да присуствува на раѓањето на неговиот син кој го доби името Вилфред Лори Николас, а средното име Николас е во чест на докторите Николас Прајс и Николас Харт кои му го спасиле животот на интензивна нега.