Борис Џонсон излезе од болница

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска е отпуштен од болница и ќе продолжи да се опоравува од Ковид-19 во Чекерс, во неговата резиденција во село, соопшти неговата канцеларија на Даунинг стрит 10.

17

55-годишниот Џонсон беше примен во болница на 5 април поради тоа што имал постојани симптоми на коронавирусот и после десет дена откако беше утврдено дека е позитивен. Еден ден подоцна беше примен на одделението за интензивна нега, од каде беше отпуштен на 9 април.

„По советите на неговиот медицински тим, премиерот нема одма да се врати на работа. Тој сака да им се заблагодари на сите во болницата Св. Томас за обезбедувањето на одличната нега“, соопшти Даунинг стрит.

Британскиот премиер со подобрена здравствена состојба на интензивна нега
Тој го задолжи министерот за надворешни работи Доминик Раб да го предводи административниот тим во борбата против пандемијата.

Резултатите од тестирањето покажаа на 26 март дека британскиот премиер е позитивен на вирусот.

Велика Британија информираше дека два дена по ред смртноста од последиците од коронавирусот се зголемува на повеќе од 900 случаи. Бројот на жртви во петокот на 10 април од 980 лица, ја надмина највисоката смртност забележана во еден ден во Италија, која е најтешко погодена земја во Европа.