Борис Џонсон: Нека почне заздравувањето (ВИДЕО)

4

Британскиот премиер и лидер на конзервативците Борис Џонсон се надева дека победата на неговата партија на парламентарните избори ќе донесе „затворање“ на дебатата за брегзитот и ќе го почне „процесот на заздравување“.

Зборувајќи пред премиерската резиденција во Даунинг стрит број 10, тој порача дека ќе се труди да ја возврати довербата што му ја пружиле поддржувачите на лабуристите кои за првпат гласаа за конзервативците.

Тој кажа дека нема да ги занемари оние кои се против брегзитот, бидејќи тој со Европа гради партнерство на „суверено еднаквите“.

Џонсон им се заблагодари на поддржувачите на лабуристите кои не ја дадоа поддршката на партијата на Џереми Корбин и им се обрати на конзервативците кажувајќи дека ќе го исполни ветувањето за излегувањето на Британија од Европската Унија на 31 јануари.

„Ви се заблагодарувам на укажаната доверба, ќе работиме за да ја вратиме вашата доверба и да ги исполниме вашите приоритети“.

Џонсон им се обрати и на оние кои гласаа за конзервативците и сѐ уште сакаат да останат во ЕУ.

„Ние во оваа конзервативна влада никогаш нема да ги занематиме вашите добри и позитивни чувства на топлина и сочувство кон другите земји од Европа“.

Тој кажа дека земјата сега „заслужува одмор од кавгите, пауза од политиката и траен одмор од дебатата за брегзитот“.

Џонсоновата Козервативна партија убедливо победи на парламентарните избори во Британија, додека опозициските лабуристи го забележаа најлошиот резултат од 1935 година.