Бостон го победи Лејкерс, Кари го предводеше Голден стејт до нов триумф

9

Бостон со 121-113 го совлада Лос Анџелес Лејкерс на негов терен, Стеф Кари повторно беше лидер во триумф на Голден стејт, овој пат со 119-101 кај Кливлнед.

Бостон Селтик дојде до триумф на гостувањето кај шампионот Лејкерс од 121-113. Браун беше предводникот во триумфот, тој постигна 40 поени, имаше и девет скокови. Најдобар кај домаќините беше Хортон Такер со 19 поени.

Голден стејт врза четврта победа по ред, го совладаа Кливленд со 119-101, Кари и овој пат беше најдобар. Тој реализираше 33 поени, Вигинс постигна 23, најдобар во составот на Кливленд беше Секстон со 30.