Боцнатите со руската вакцина, не смеат да пијат и пушат 42 дена

63

Лицата кои ќе се вакциниранаат со „Спутник Ви“ не смеат да пијат алкохол, да јадат тешка и мрсна храна, ниту да бидат под стрес три дена пред да ја добијат дозата, вели рускиот државен здравствен инспектор Ана Попова.

„Алкохолот, тешката храна, особено фаст-фудот не се непосакувани три дена пред вакцинацијата. Исто така, пацинетот не смее да биде под стрес пред да ја прими вакцината, бидејќи одвојувањето на адреланинот и на хормоните на стресот може да доведе до замаеност, па дури и до губење на свеста. Лицата кои се склони кон алергии, треба да пијат антихистамини еден ден пред да се вакцинираат и ден потоа, предупредува Попова.

Според директорката на Роспотребнадзор, Руската федерална служба за контрола на здравјето и правата на пациентите, не треба да се консумираат алкохолни пијалоци 42 дена по првата доза од вакцината а вакцинираните треба да се откажат и од цигарите.

„Меѓу првата и втората доза, во тој период од 21 ден е неопходно доволно време за телото да создаде имунитет. Во истиот перриод, вакцинираните треба престанат со пушење цигари, бидејќи тоа може да ги надразни белите дробови и да го попречи дишењето“, вели Попова.

Руските медиуми го цитираат и Јуриј Дригин, раководителот на лабораторијата за молекуларна биологија на вирусите на Московскиот државен универзитет кој освен препораките на Попова, укажува и дека пацинетите кои ќе ја примат Спутник Ви мора да ја одложат употребата на лекарства кои влијаат врз имунитетот, како што се цитостатиците и дел од антибиотиците кои имаат негативен ефект врз производството на антитела.

Според главниот лекар на медицинскиот центар „Лидер медицина“, Евгениј Тимаков, вакцина не смеат да примат лица кои имаат кашлица, на кои им тече носот, но и се во лоша психолошка состојба, бидејќи ним имунитетот им е слаб.