Бочварски: Општините да поднесат барање за изградба на социјални станови до Министерството за транспорт и врски

4

 

За да се реализираат социјални станбени згради потребно е општината да поднесе барање до Владaта и до Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор, порача министерот за транспорт и врски Благој Бочварски на новинарско прашање кога во Тетово ќе се гради таков вид на објект.

-Кај нас во Министерството нема доставено барање за изградба на ваква социјална зграда во Тетово, но доколку пристигне секако ќе ја разгледаме. Барањата се потребни за да се најдат средства и можности за ваков тип на социјални станбени згради.  Владата е отворена доколку има такво барање со внимание да го разгледаме и да се обидеме да најдеме средства за ваква станбена зграда. Општината е таа која ја менаџира урбанизацијата на просторот и тоа во која зона и во кој дел на градот и каков тип на објекти планира да реализира да гради, истакна Бочварски.

Според него минатата година имало рекорд во реализирани социјални станбени згради во четири градови.

-Имаме распределени социјални станови во Гостивар, Свети Николе, Пробиштип и Виница. И продолжуваме да работиме на ваков тип на проекти. Отворени сме за соработка со сите локални самоуправи со сите средини, да ги помогнеме приоритетите на општините бидејќи тоа се приоритети и на граѓаните, истакна Бочварски од тетовско Желино каде беше на средба со градоначалникот по повод пренамена на средства за асфалтирање на пат до село Луковица.