Бојан Лазаревски ќе раководи со Агенцијата за филм, до избор на нов директор

31

Бојан Лазаревски е новиот в.д. директор на Агенцијата за филм. Тој на оваа позиција доаѓа со одлука на Владата, а по истекување на вториот мандат на досегашниот директор Горјан Тозија.

На прашањето на весникот ВЕЧЕР зошто Владата именува в. д. директор, со оглед дека во почетокот на ноември беше објавен јавен оглас за именување директор на Агенцијата за филм со мандат од две години, од Владата посочуваат:

“Конкурсот за директор на Агенцијата за филм е завршен, меѓутоа изборот на кандидат сѐ уште не е направен од причина што станува збор за специфична агенција кадешто детално се анализираат предложените програми за работа.

Владата на Република Северна Македонија сакајќи да излезе во пресрет на вработените постави в.д. директор за краток период кој ќе биде потписник за нормално функционирање на институцијата. Пристигнати се повеќе апликации кои ќе бидат детално разгледани.

Лазаревски кој е економист од банкарскиот сектор, од 2017 до 2020 година беше член на Управниот одбор на Агенцијата за филм. Тој има долгогодишно искуство во банкарскиот сектор, а во својство на член на УО на Агенцијата за филм ги менаџираше одлуките за буџетите за филм.

Инаку, мандатот на Горјан Тозија истече на 4 август.