Бојан Јовановски: Добивам закани по живот, на кого му одговара да не се дознае вистината за „Рекет“?

84

Првообвинетиот во случајот „Рекет“ пред судиите денеска изјави дека добивал закани по живот, имал притисоци и за тоа го известил и обвинителството.

Тој праша- на кого му одговара да не се дознае вистината за „Рекет“. Себе си се оквалификува како политички затвореник.

Инаку при влез во судница претпладнево провообвинетиот Бојан Јовановски порача: „Среќна Нова година на сите, да сте живи и здрави“, кој во судот беше донесен од притвор од Шутка со полициска придружба.

Исто така и адвокатите на обвинетите Катица Јанева и Бојан Јовановски-Боки 13 и честитаа Нова година на шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција Вилма Русковска, но тоа не го стори поранешната специјална обвинителка. Јанева само кажа: Заев заврши.

На денешното рочиште за случајот „Рекет“ сведочи обвинителката Елизабета Јосифовска, која беше заменичка на Катица Јанева на предлог на Вилма Русковска.

„На состанок во декември 2018 Лиле Стефанова достави предлог за одбивање на жалба и продолжување на притвор на Орце Камчев. Катица Јанева побара да биде заменет со куќен. Беше збунувачки за сите и Лиле велеше дека ќе биде штетно за истрагата која само што почна. Јанева рече дека тоа ќе биде добро за процесот“, истакна во своето сведочење Елизабета Јосифовска.

На 2 мај 2019 Јосифовска потпишала мислење за издавање на времен пасош на Камев.

„Барањето се работеше итно, беше добиено утрото, а кај мене на потпис стигна пред крај на работно време. Јанева и Стефанова не беа на работа, а мене ми беше чудно што не се почитуваше стандардната процедура. Се јавив кај шефот на кабинет на Јанева и таа ми рече дека комуницирала со специјалната обвинителка која потврдила дека треба времен пасош. Се слушнав телефонски и со Лиле таа не се согласуваше но последниот збор го имаше по закон Јанева“, сведочеше Елизабета Јосифовска.